Онлајн советување на тема: „Кривични дела против половата слобода и половиот морал со посебен осврт на обезбедување на докази“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема: Кривични дела против половата слобода и половиот морал со посебен осврт на обезбедување на докази“, кое ќе се одржи на 18 октомври 2022 година (вторник), на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наташа Гоџовска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и г-а Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на советувањто на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.