Онлајн обука на тема: ,,Криминал од омраза’’

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) преку Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), организираат обука на тема: „Криминал од омраза“.

Обуката ќе се реализира на 12, 13 и 14 октомври 2022 година (среда, четврток и петок) 2022 година, во Маврово – Хотел Радика. Истата е наменета за судии од кривични оддели од сите апелациони подрачја.

Излагачи на обуката ќе бидат г-н Воислав Стојановски, национален офицер за владеење на правото во Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, г-а Спасенка Андонова, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и г-н Александар Марковски, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на тел. 02/2401-572 или на е-маил адресата на Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.