Одржана обука за ХЕЛП тутори во Скопје (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со ХЕЛП Програмата на Совет на Европа на 2 и 3 октомври 2019 година организираа  обука за обучувачи (ТоТ) со цел да се зголеми постоечкиот број на ХЕЛП обучувачи во земјата.

Учесниците беа поздравени од Судијата Наташа Габер- Дамјановска, Директорка на Академијата. Тие имаа можност да ги проследат и презентациите на сертифицираните ХЕЛП обучувачи (Велимир Деловски, Јелена Ристиќ и Александра Стојановска-Тасевска) кои ги споделија нивните искуства од претходните ХЕЛП курсеви.

Во текот на дводневните сесии на обуката, учесниците добија целосен преглед во ХЕЛП методологијата со фокус на клучната улога на националните тутори на ХЕЛП во спроведувањето на електронските курсеви на далечина. Воедно беа претставени и неколку ХЕЛП онлајн курсеви, од кои неколку се очекува да бидат имплементирани во претстојниот период во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. Прв следен курс кој би бил реализиран е курсот „Образложение на кривичните пресуди“, почнувајќи од 6 ноември годинава.

Обуката за обучувачи беше организирана преку проектот „ХЕЛП во Западен Балкан“ (HELP in the Western Balkans) , финансиски поддржан од Доверителскиот фонд за човекови права (Human Rights Trust Fund), а во рамките на ХЕЛП програмата на Советот на Европа за едукација за човекови права на правните професионалци.