„Невербални комуникациски вештини за судии“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: „Невербални комуникациски вештини за судии“ кое ќе се реализира на 11 април 2023 година, со почеток во 09:15 часот во просториите на Академијата, ламела 1.

На советувањето предавач ќе биде г. Марк Сегал, адвокат од Филаделфија, Пенсилванија, кој работи како меѓународен правен консултант. Неговата експертиза опфаќа прашања за владеење на правото, законски реформи, судски реформи, судска администрација, изготвување закони, правна етика, обука на обучувачи, градење институции, развој на капацитети и следење и евалуација. Воедно, г.Сегал е специјализиран за подигање на професионалните квалификации на правните професионалци. Ова вклучува организација и испорака на голем број обуки за судии, јавни обвинители и адвокати во многу земји. Една од позначајните теми за реализација на советувања е невербалната комуникација за судии.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-568.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.