ЕВРОПСКИ ДЕН НА ПРАВДАТА

European Day of Justice

Академијата за судии и јавни обвинители на сите судии и јавни обвинители и останати правни професионалци на Република Северна Македонија им го честита Европскиот ден на правдата.

Европскиот ден на правдата се прославува секоја година на 25 октомври. во сите земји на Европската унија и на овој ден преку разни активности граѓаните се информираат за своите основни права, како и со работата на релевантните правосудни институции.

Република Северна Македонија како земја кандидат за влез во европското семејство години наназад се приклучува кон одбележувањето на овој ден со реализација на низа настани од страна на разни правосудни институции, а целта е пошироко запознавање на нејзините граѓани со правосудниот систем на земјата.