Донација на книги за Академијата од Германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ

 Денес (28 октомври 2020 година) библиотеката на Академијата го збогати својот библиотечен фонд со неколку нови наслови од областа на правото и правосудството на ЕУ преку донацијата на Германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ. Оваа донација која беше дел од планираните активносите за 2019 година,беше предвидено да се реализира на почетокот на 2020 година, но поради состојбата со КОВИД 19 истата  беше пролонгирана.

Имено, Академијата за судии и јавни обвинители и Германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ имаат повеќегодишна успешна соработка во чии рамки се реализирани низа активности како што се организирање на едукативни настани, изготвување на прирачници и публикации поврзани со актуелни теми од областа на правото, организирање на студиски посети, донација на книги, размена на правни експерти и т.н.

 

 

Германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ има активна улога во унапредувањето на работата на Академијата, а со тоа и во надградувањето на правосудниот систем во нашата земја.

Денешната донација на книги е уште еден показател дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина успешно да се развива, што значи дека во периодот што следи ќе продолжат да се реализираат предвидените активности, но воедно, се исцртуваат и нови можности за идни заеднички проекти.

До крајот на 2020 година ќе се реализира уште една донација на нови вредни наслови од областа на правото на ЕУ како дел од активностите предвидени за 2020 година.