Директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и заменик директорот на Академијата, Илир Исени одржаа работна средба со заменик министерот за правда на Северна Македонија, м-р Агим Нухиу

Денес (2 јуни 2021 година) во просториите на Академијата, директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и заменик директорот на Академијата, Илир Исени одржаа работна средба со заменик министерот за правда на Северна Македонија, м-р Агим Нухиу.

Повод за средбата беше неодамнешниот избор на судија Илир Исени за заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители, кој на оваа функција дојде од позицијата претседател на Основен суд Дебар.

На средбата се разговараше за моменталните активности кои се спроведуваат во рамките на почетната и континуираната обука во Академијата, како и за идните предизвици пред кои е исправена Академијата.