Директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска и додели Благодараница на Н.Е. Rachel Galloway, амбасадор на Велика Британија во Републка Северна Македонија (Demo)

Денес (16.01.2020г.) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска оствари работен состанок со Н.Е.  Rachel Galloway, амбасадор на Велика Британија во Републка Северна Македонија во рамки на кој на британската амбасадорка и беше доделена и благодараница за досегашната соработка и поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители.

Имено, состанокот се реализира како дел од активностите кои Академијата ги презема со цел да се интензивира и зајакне меѓународната соработка. Амбасадата на Велика Британија во Република Северна Македонија е еден од најистакнатите партнери со чија помош Академијата во изминатите години успешно реализираше низа проекти.

Состанокот претставуваше одлична можност за директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска да ги презентира резултатите од сето она што е досега сработено, но воедно и да се разгледаат можностите за продлабочување на понатамошната соработка со Амбасадата на Велика Британија.

Директорот на Академијата, проф д-р Габер Дамјановска изрази посебна благодаранот до Н.Е. Rachel Galloway, за изготвувањето на функционалната анализа за Академијата која претставува огромен придонес и важен документ за поуспешна организација и структуирање на работата на Академијата.