Директорката на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска учествуваше со свое излагање на регионалниот состанок за Методологијата за евалуација на обуките (Demo)

Денес (20 април 2022 година) директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска имаше свое излагање за искуствата на Академијата за судии и јавни обвинители во спроведувањето на обуките за правосудството во рамки на онлајн регионалниот состанок посветен на Методологијата за евалуацијата на обуките, кој беше организиран од страна на Совет на Европа. На настанот покрај директорката на Академијата излагање имаше и директорот на правосудната академија на Албанија. На состанокот присуствуваа и претставници на Советот на Европа, како и експертот од Совет на Европа, Ивана Рогана која е автор на Методологијата за евалуација на обуките.

На состанокот се дебатираше за тоа како треба да изгледаат обуките кои ги спроведуваат правосудните академиите и како да се измери влијанието на судската пракса на ЕСЧП врз работата на судиите и јавните обвинители.

Директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска посочи дека мерењето на влијанието е навистина тешко и претставува проблем за повеќето земји од регионот. Според неа, потребна е длабинска анализа, квантитативна и квалитативна анализа со која ќе се идентификуваат недостатоците и истите потоа ќе се надминат преку понуда на соодветени решенија. За директорката на Академијата, во Северна Македонија би било од особено значење креирање на збирка на судски пресуди, кои потоа ќе бидат систематизирани и ќе служат на судиите и јавните обвинители во насока на воедначување на судската практика. Таа истакна дека Академијата веќе работи на овој процес и изрази надеж дека наскоро оваа збирка на пресуди ќе биде реалност.

Крајната цел за сите институции кои спроведуваат обуки наменети за правосудството е да се унапреди правосудниот систем.

Методологијата за евалуација на обуките во ПДФ на англиски јазик можете да ја преземете тука.