Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска учествуваше на петтиот состанок на мрежата за правосудни институции (Demo)

Денес (14 декември 2021 година) во хотел „DoubleTree by Hilton“, Скопје, се оддржа петтиот состанок на мрежата на правосудните институции  на кој свое обраќање имаше и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска.

Состанокот го организраше Регионалниот совет за соработка – РСС во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. На состанокот присуствуваа претставници од РCC, Совет на Европа, ГИЗ, Универзитетот на Осло, Lexnet-European Information, судија на Високиот трговскиот суд во Хрватска, како и претставник на Министерството за правда на Република Северна Македонија.

Целта на овој состанок е да се разгледаат можностите и предизвиците пред кои се исправени институциите кои се задолжени за спроведување на правосудната обука. Како што посочи во своето обраќање директораката на Академијата, статистичките податоци покажуваат дека нивото на спроведени обуки е исклучително високо во Европската унија. Европската унија преку развој на нови стратегиски приоритети во делот на правосудството се залага за промовирање и спроведување на што поголем број на обуки, посебно на обуки од областа на правото на ЕУ, со што ќе се даде поддршка на различните правосудни систем во земјите членки на ЕУ, но и на оние кои се аспиранти за интеграција во европското семејство. Во таа насока, улогата на академиите и сите останати институции кои спроведуваат почетна и континурана правосудна едукација е исклучтелно значајна. Доколку целта на овие институции е исполнување на стратешките цели на ЕУ во однос на оваа област, потребна е поголема комуникација на регионално и меѓународно ниво, како и  поголема поддршка од релевантните тела на Европската унија со чија помош ќе можат успешно да се реализираат предвидените активности- додаде проф.д-р Габер Дамјановска.

За крај, директоротката на Академијата истакна дека Академијата има активна и успешна меѓународна соработка и останува отворена за идни соработки на полето на спроведуввање на обуки за правните професионалци во Северна Македонија.