Агенцијата за примена на јазикот ѝ помага на Академијата за судии и обвинители за превод и за лекторирање на внатрешните акти (Demo)

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, денес го пречека заменик- директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени, каде разговараа за соработката меѓу овие две институции во областа на употребата на службените јазици.

Имено, директорот Илбер Села ѝ вети поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители за превод и за лекторирање на нејзините внатрешни акти, со оглед на тоа што тие немаат ангажирани лица со соодветни квалификации.

На заменик-директорот на АСО, Илир Исени, директорот Села, му подари изданија на АПЈ, коишто ќе им бидат од помош при практичното спроведување на јазиците во администрацијата и целиот јавен сектор.

Скопје, 26.07.2021 год.