Во Крушево одржана обука за судир на интереси/антикорупциски мерки и етика за судска и јавнообвинителска служба

IMG_0827

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 3 и 4 декември 2025 година спроведе обука на тема  „Судир на интереси/ Антикорупциски мерки и етиката во судската и јавнообвинителската служба“, со која е опфатена  судската и јавнообвинителската служба.

Обуката ја спроведоа судија Лидија Петровска и јавен обвинител Сања Бурјакоска Китановска.

Обучувачите на присутните им го презентираа: концептот на судир на интереси во судството и јавното обвинителство, националната правна рамка и инструментите за спречување на судир на интереси, антикорупциските мерки во правосудниот систем, а во последниот работен дел се осврнаа и на етиката и професионално однесување.

Целта на обуката беше преку практични вежби и примери да се идентификуваат и ефикасно да се управува судирот на интереси и можни коруптивни однесувања.