Одржано советување на тема: „Утврдување на надоместок при воспоставување на службеност“

DSC_0395

Академијата за судии и јавни обвинители, денес (03.12.2025 година), во просториите на Академијата одржа советување на тема: „Утврдување на надоместок при воспоставување на службеност“.

Советувањето беше наменето за судии и стручни соработници од граѓанските оддели на судовите од сите апелациони подрачја, а истото го спроведоа: м-р Катерина Георгиевска, судија на Врховен суд на РСМ и  г-а  Букурије Ајдини, судија на Апелационен суд Скопје

Ова советување се организраше со цел да се се разменуваат искуства и знаење во врска со утврдувањето надоместок за воспоставување службеност, практичните аспекти, правниот и законскиот основ, видови, карактеристики, престанок на службеноста според римското право, службеноста според Законот за сопственост и други стварни права и неговото времетраење, видови, својства и каратеристики, засновање, правото на надомест, заштитата, престанок, права и обврски, службеноста според Законот за експропријација и надоместувањето, примената на Законот за процена и Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижниот имот, судската пракса на апелационите судови на РСМ и Врховниот суд на РСМ, правните мислења на Врховниот суд на РСМ, како и компаративните искуства во соседството.