Обука на тема: „Административно постапување со предмети, електронска достава и тонско снимање„ за дактилографи и службеници од писарница

DSC_0390

Академијата за судии и јавни обвинители организираше обука за дактилографи и службеници од писарница од сите судови во Република Северна Македонија на темата: „Административно постапување со предмети, електронска достава и тонско снимање„ за дактилографи и службеници од писарница

Обуката се одржа на 2 декември 2025 година во просториите на Академијата, а истата ја спроведоа Александра Палашевска, судија во Основен граѓански суд Скопје и м-р Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник/шеф на кабинет во Врховен суд на Република Северна Македонија.

Обуката се организираше со цел судските сужбеници да се запознаат со правната рамка, со начинот на работата на судските писарници, од приемот на писмената во судото, до нивно скеиирање, понатаму образување на судските предмети, попис на списите, комуникација со странките, автоматска распределба, но и прераспределба на предметите до нивно предвање во работа во судовите.

На обуката присутните се запозанаа со начинот на постапување на судските службеници по наредба на судијата, закажувања на рочиштата, доставата на списи до повисок суд, а посебно со електронската достава на писмената.

Реализацијата на обуки на оваа тема ќе придонесат за создавање на добро информирана, едуцирана, ефикасна и ефективна судска служба.