Го поздравуваме ангажманот на експертите од во изработката на новите Насоки за доделување надомест во случаи на дискриминација.
Овие Насоки појаснуваат како судовите можат да пресметаат правичен надомест за лицата кои биле дискриминирани, осигурувајќи дека жртвите добиваат правда и дека слични случаи се третираат на доследен начин.
Создадени преку инклузивен регионален процес, тие се засноваат на меѓународни стандарди, национално законодавство и повеќе од 15 години судска пракса.
Претставени во Скопје на 28 ноември, а претходно и во Белград, Насоките ќе бидат разгледани и на финалниот регионален состанок планиран за Сараево во почетокот на 2026 година.
Со поддршка на правните професионалци во регионот, оваа иницијатива има цел да го направи надоместувањето во случаи на дискриминација поефективно, попредвидливо и поправедно.
Мисијата на ОБСЕ останува посветена на зајакнување на регионалната соработка и заштита на правата на сите.

