Прекршоци согласно законот за шумите и одземање предмети според праксата на ЕСЧП

DSC_0304

Академијата за судии и јавни обвинители организираше обука на тема: „Прекршоци согласно законот за шумите и одземање предмети според праксата на ЕСЧП“, која се одржа денес (12 ноември 2025 година), во просториите на Академијата, а беше наменета за судии од прекршочните оддели од судовите од сите апелациони подрачја.

Обуката се фокусираше на анализа на законските одредби кои ги опфаќаат прекршоците согласно Законот за шумите, од теоретски аспект, како и нивната примена во практиката на судовите. Во таа насока се анализираше судската практика, барањата за поведување на прекршочната постапка  анализирани од формален аспект, дилемите во примената на законските одредби, видот на одлуките кои ги носат судовите, квалитетот на понудените докази и правото на одбрана. Посебен акцент  се стави на посебната прекршочна мерка одземање на предмети употребени за извршување на прекршокот, условите за нивно одземање во Европската конвенција за човекови права и дополнителните протоколи, отелотворени преку одлуките на Европскиот суд за човекови права.

Обуката ја спроведоа: м-р Сузана Милевска , судија на Апелациониот суд Штип и Лидија Петровска, судија на Основниот кривичен суд Скопје.