Известување од одржана 18-та седница на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители

logo_asjo_

Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители на 27 октомври 2025 година, ја одржа 18та седница, со физичко присуство, на која:

  1. Едногласно беше усвоен Записникот од седумнаесета седница на Програмски совет одржана на 18.08.2025 година;
  2. Се ревидираше општата програма за континуирана обука на судии и јавни обвинители и специјализирана програма за доброволна континуирана обука 2025-2026 која беше усвоена од УО на 30.12.2024 година и се усогласуваа темите во Каталогот за обуки за 2026 година со Програмите. По однос на содржината на програмите членовите немаа забелешки, додека во однос на предлог темите од Каталогот за 2026 година имаа свои дополнителни предлози и забелешки, поради што Академијата беше задолжена истите да ги направи и финалната предлог верзија да биде разгледната на наредната седница на Програмскиот совет.
  3. Разно.