Во просториите на Академијата, на 04 ноември 2025 година, се одржа советување посветено на темата: „Судска постапка согласно Законот за правда на децата“. На советувањето учествуваа судии од кривичните оддели, јавни обвнители и стручни соработници од судовите/обвнителствата од сите апелациони подрачја, а своите практични исуства со присутните ги споделија д-р Оља Ристова, судија на Апелационен суд Скопје, м-р Елена Иваноска Миноска, јавен обвнител во ОЈО Скопје и Душан Јосифов, судија на Основен кривичен суд Скопје.
Целта на советувањето беше да се посочат разликите помеѓу стариот и новиот Закон за правда за децата, како и да се разменат мислења во однос на заштитата на децата-жртви на кривични дела и сведоци во кривичната постапка со посебен осврт на посебните мерки на процесната заштита на децата-жртви и децата-сведоци.
Воедно, на советувањето беа презентирани и предизвиците во постапувањето. Националните правни практичари се осврна и на неколку клучни сегметни кога станува збор за судската постапка, како на пример: поведување на подготвителна постапка, одлучување за натамошни дејствија, постапка по непосреден предлог без подготвителна постапка, седница на советот за деца, испитување на детето и прибирање на податоци, водење на подготвителни дејствија, привремено сместување и надзор, повикување и испитување на детето, притвор и други мерки за обезбедување, запирање на постапката, завршување на подготвителна постапка и т.н.

Клучен документ за правдата на децата е секако Конвенцијата на ОН за правата на детето, па од тие прични, на ова советување беа презентирани основните принципи и начела при постапување со деца во ризик и деца во судир со законот, со посебен осврт на ресторативната правда за децата.
Имајќи го предвид значењето на судската пракса на Европскиот суд за човекови права на советувањето беа презентирани и студии на случи од праксата на Европскиот суд за човекови права во кривичните постапки за деца, како и од праксата на националните апелациони судови.

