Обука за платни налози, издавање и судска постапка

1000026015

Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на Каталогот за континуирана едукација за 2025 година организираше обука за платни налози, издавање и судската постапка која се одржа денес (03 ноември 2025 година), во просториите на Апелациониот суд Штип.

Обуката беше наменета за судии и стручни соработници од граѓанските оддели од апелационото подрачје Штип, а истата ја спроведоа: Наталија Донева, судија на Апелационен суд Скопје и м-р Марјан Коцевски, нотар за подрачје на Основен суд Куманово.

Целта на обуката беше да се даде краток преглед на постапка за издавање на решение за нотарски платен налог и постапка по приговор, како и постапување по предлог за укинување на потврди за правосилност и извршност на решение за издавање на нотарски платен налог.

Присутните на обуката по завршувањето на работниот дел, во рамки на предвиденото време за дискусија имаа можност да разменат мислења со предавачите, а воедно и да ги истакнат дилемите со кои се соочуваат во текот на својата секојдневна работа.