Зајакнување на комуникациските вештини и вештините за односи со јавност

IMG_0169 2

На 29 октомври 2025 година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, организираше еднодневна обука наменета за судии од основните, вишите и управните судови, со цел унапредување на нивните вештини за комуникација со јавноста. За време на обуката, учесниците добија практични насоки и корисни совети за тоа како на најсоодветен и етички начин да воспостават ефективна соработка и интеракција со медиумите. Подобрената комуникација и зголемената видливост на работата на судиите ќе придонесат кон поголема транспарентност и отвореност на правосудниот систем, како и кон зголемување на довербата на јавноста во институциите на правдата.