Известување од одржана 240-та седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo_

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 22.10.2025 година (среда), ја одржа 240-та седница, на која:

  1. Беше усвоен Записникот од 239-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Втората точка која гласеше – подготовка на предлог текст на Статут на Академијата за судии и јавни обвинители, беше одложена, поради тоа што директорката на Академијата, го информираше Управниот одбор на Академијата дека на ден 21.10.2025 година започнала со работа работната група за измени и дополнувања на Законот на Академија за судии и јавни обвинители. Членовите на Управниот одбор едногласно одлучија да се пристапи кон подготовка на нов текст на Статутот на Академијата по донесувањето на измените и дополнувањата на Законот на Академија за судии и јавни обвинители.
  3. Под точката разно, Управниот одбор беше информиран за пристигната номинација на член во Програмскиот совет во Академијата од страна на Министерството за правда на РСМ, за која Управниот одбор едногласно одлучи дека истата ќе биде разгледана по завршувањето на изборниот процес.

Под точката разно беше разгледан и одговор на допис, доставен од Академијата преку Судскиот буџетски совет, до Министерството за финансии на РСМ, во врска со бараната информација за обезбедени финансиски средства за генерација во почетна обука во 2026 година, во рамки на кој, Министерството за финансии на РСМ ја известува Академијата дека по однос на тоа прашање Министерството не може да се произнесе бидејќи предлог-буџетот за 2026 година не е донесен од страна на Собранието на РСМ. Управниот одбор ја задолжи Академијата повторно да се обрати до Министерството за финансии на РСМ во  врска со истото прашање со ургенција.