Советување за „Претходни дејствија на судијата пред закажување на главна расправа“

DSC_0175

Академијата за судии и јавни обвинители реализираше советување за претходни дејствија на судијата пред закажување на главна расправа кое се одржа денес (08 октомври 2025) во просториите на Академијата.

Одржувањето на советувањето е предвидено со Каталогот на обуки за континуирана едукација за 2025 година и истото го спроведоа:  Букурије Ајдини, судија на Апелационен суд и Злата Попова,  судија на Основен суд Гевгелија

На советувањето учествуваа судии од граѓанските оддели и стручни соработници од судовите од сите Апелациони подрачја

Во првиот дел од ова советување се разгледуваа законските основи според кои првостепените судови се должни или можат да превземат дејствија по оформување на една постапка, одлуките кои се должни или можат да ги донесат во фаза на претходно испитување на тужбата, бенефитите кои произлегуваат од зголемено внимание од страна на Судот во подготвителната фаза на постапката, почитување на начелото на економичност на постапката, со теми и дилеми кои се јавуваат во праксата, а за кои се дискутираше и во вториот дел од советувањето.

Вториот работен дел од оваа советување се фокусираше на развојот, основот и суштината на правниот лек во фаза на подготвување на главната расправа, причини и содржина за жалба на решение, видови на жалба, видови на одлуки, правилата на постапката и законските претпоставки за постапување на второстепениот суд кога е обжалено решение,  заклучоци и пракса во врска со тоа и т.н.

Целта на ова советување беше да се разменат мислења преку кои ќе се надминат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат судиите во својата секојдневна работа, пред се, при закажувањето на главната расправа.