
Заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија ги помогна подготовката и изведбата на театарска претстава на тема принудни малолетнички бракови која беше срдечно прифатена од страна на публиката (деца, младинци, родители, општата јавност, засегнати професионалци од областа на борбата против трговијата со луѓе итн.). Целта на оваа иницијатива беше да придонесе кон ефективна превенција на трговијата со деца преку подигање на свеста за опасностите кои ова кривично дело ги носи,
Врз основа на спомнатата театарска претстава, со адаптација на постојното сценарио, проектот изготви илустриран стрип на тема трговија со деца со цел принудни бракови насловен како „Маѓепсан круг“, а до него може да се пристапи и преку веб сајтот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, PUBLICATIONS – Council of Europe Programme Office in Skopje (coe.int).