
Денес се одржа обука за судии и јавни обвинители на тема – Справување со антиромскиот расизам преку призма на судската практика и пресудите на Европскиот суд за човекови права. На обуката учествуваат 30 судии и јавни обвинители.
Обуката се организира од страна на Институт за истражување и анализи Ромалитико во рамки на проектот Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители.