Советување за примената на Законот за концесии и јавно приватно партнерство 10 септември 2025 година

logo_asjo_

Согласно Каталогот за континуирана едукација за 2025 година, Академијата за судии и јавни обвинители организираше советување за примената на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, кој се одржа на 10 септмври 2025 година, во просториите на Академијата. Советувањето беше наменето за  судии и стручни соработници од Виш Управен и Управен суд, претставници од Државна комисија за жалби по јавни набавки, Второстепена комисија за управни постапки и претставници од правниот сектор за постапување по концесии при Министерството за енергетика и рударство.

Целта на советувањето беше да се понуди практичен и аналитички преглед на правната заштита пред Управниот суд, во постапките што произлегуваат од примената на Законот за концесии и јавно приватни партнерства, со посебен фокус на актуелната судска пракса која беше поткрепена со конкретни примери.

Низ дискусија и размена на искуства ова советување понуди одговори на дилемите кои се јавуваат во пракса при примената на правната заштита во оваа специфична и се поактуелна тема.

Своите искуства со присутните ги споделија судиите на Управен суд: Дитурије Елези Незири и Ана Герасимовска.