
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2025 година, организира советување на тема „Статусни права на судиите и јавните обвинители согласно европските стандарди и домашното законодаство” кое ќе се одржи на 10 јуни (вторник) 2025 година со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии од сите апелациони подрачја, судии од Виш управен суд и Управен суд, јавни обвинители и адвокати.
Предавачи на советувањето ќе бидат Проф д-р Тања Каракамишева, проф. На правен факултет Јустинијан Први Скопје и г-н Ристо Бојаџиски, шеф на Вишо јавно обвинителство Штип.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.