
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Борба против ситна корупција“, кое ќе се одржи на 22 мај 2025 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и истражители од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Диана Груевска Илиевска, судија во Основен кривичен суд Скопје, г-а Катерина Коларевиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и г-а Ангела Бораниева, истражител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Р