Советување на тема „Платни налози, издавање и судска постапка,,

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2025 година,  организира  советување на тема Платни налози, издавање и судска постапкакое ќе се одржи на 14 мај (среда)  2025 година со почеток од  10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии од граѓански одели од апелационо подрачје Скопје, нотари, адвокати и извршители

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наталија Донева, судија на Апелационен суд Скопје и г-н Марјан Коцевски, нотар.

 

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса naile.aliu@jpacademy.gov.mk.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.