
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на седницата одржана на 09.05.2025 година, по однос на втората точка од дневен ред (Донесување на одлука за 9 генерација почетна обука во Академијата согласно доставени дописи), ја задолжи Академијата да ја информира јавноста за следното:
Согласно член 30 став 3 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители (,,Службен весник на РСМ” број 129/2023 и 53/2024): ,,Управниот одбор на Академијата со одлука го определува почетокот на спроведување на приемниот испит за почетната обука и бројот на слушатели што ќе бидат запишани во таа генерација на почетна обука, имајќи ги во предвид одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители од член 30 став 2 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители”. Следствено на добиеното известување од Министерството за финансии на РСМ број 19-2903/2 и 19-3321/2 од 11.04.2025 година, согласно кое Министерството за финансии на РСМ известува дека во Буџетот на Судскиот буџетски совет за фискалната 2025 година не се обезбедени финансиски средства за вработување на 130 лица – слушатели на почетна обука во Академијата, не се исполнети законските услови за донесување на одлука согласно член 30 став 3 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители.