ТРКАЛЕЗНА МАСА на тема: „Решенија за намалување на пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Македонското здружение на млади правници и Управата за извршување на санкции, во рамките на проектот: „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици” поддржан од Европската Унија, организираaт тркалезна маса на тема: „Решенија за намалување на пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација“ која ќе се одржи на 23 април 2025 година во Хотел Холидеј Ин – Скопје, со почеток во 10:00 часот.

Тркалезната маса е наменета за судии од кривични оддели од апелационо подрачје Скопје и Гостивар.

На тркалезната маса свои излагања ќе имаат: г-ѓа Лидија Петровска, г-ѓа Славица Наумова Јосифовска, г-ѓа Билјана Коцевска и д-р Оља Ристова, судии во Основниот кривичен суд Скопје,

                За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на тркалезната маса на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

                Агендата согласно која ќе се одвива тркалезната маса можете да ја преземете тука.