
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема:„Видови тужби во остварувањето на правата од работен однос и начин на престанување на важноста на договорот за вработување/примарна и судска заштита “, кое е предвидено да се одржи на 4 март 2025 година (вторник) во просториите на Академијата, Ламела III со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓанските оддели на судовите, од сите апелациони подрачја, Виш Управен суд и Управен суд и адвокати кои постапуваат по овие предмети.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Санде Зиков, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Гордана Билеска, судија на Основен граѓански суд Скопје
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: