Известување за одржување 230-та седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 25.02.2025 година (вторник), ќе ја одржи 230-та седница, со следниот предлог дневен ред:

  1. Усвојување на Записник од 229-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Усвојување на Завршната сметка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје, за 2024 година;
  3. Донесување на Годишен финансиски план на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје, за 2025 година;
  4. Донесување на Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители;
  5. Утврдување мандат на заменик член на Управниот одбор на Академијата;
  6. Барање за престанок на мандат на заменик член на Управниот одбор на Академијата;
  7. Информација во врска со јавниот оглас за прием на IX генерација слушатели на почетна обука;
  8. Разно.