
Во насока на воспоставување на соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Централниот регистар на РСМ, првите луѓе на двете институции на 18 февруари 2025 година во просториите на Централниот регистар потпишаа меморандум за соработка.
Директорката на Академијата, јавен обвинител Ирина Трајкоска Стрезоски и директорката на Централниот регистар, д-р Анита Стамнова со потпишувањето на овој меморандум ги потврдија заедничките заложби преку реализација на обуки, предавање и други форми на едукација, во кои ќе бидат вклучени и претставници на Централниот регистар, да дадат свој позитивен придонес во соодветната примена на законите од областите кои се од интерес како на правосудството така и на Централниот регистар.
Согласно рамката на меморандумот за обуките и сите други активности кои ќе произлезат од оваа соработка, двете институции ќе вршат размена на предавачи, искуства и знаења со цел нивна успешна реализација.
Со содржината на овој меморандум се опфатени и слушателите на програмата за почетна обука во Академијата, за кои, на барање на Академијата, а во согласност со нивните потреби, Централниот регистар ќе овозможи организирани посети и предавања на одделни теми и области преку кои слушателите ќе имаат можност да се запознаат со надлежностите и начинот на функционирање на централните регистри.
Првите луѓе на двете институции изразија силно верување дека активностите кои ќе бидат реализрани во рамките на оваа меѓународна соработка ќе ги унапредат односите помеѓу правосудството и Централниот регистар.