
Академијата за судии и јавни обвинители согласно член 15 од Правилникот за континуирана обука има обврска најдоцна до крајот на декември да подготви Годишен каталог на обуки за наредната година со цел корисниците на задолжителната обука (судиите, јавните обвинители и стручните соработници) навремено да го планираат учеството на обуки наспроти непречено извршување на секојдневните работни обврски.
Во таа насока, Ве известуваме дека Програмскиот совет во изминатиот период утврди Предлог општа програма за контиунуирана обука за судии и јавни обвинители и специјализирана програма за доброволна континуираната обука 2025/2026, Предлог специјализирана програма за обука на судии поротници. Во рамките на овие програми беше изготвен Предлог каталогот за обуки за 2025 година.
Врз основа на член 11 став 1 алинеја 13 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“, број 129/2023 и 53/2024), по предлог на Програмскиот совет, Управниот одбор на Академијата, на седницата одржана на 30.12.2024 година гo утврди Каталогот на обуки.
Со цел да биде овозможено запознавање со Каталогот и поголема достапност, истиот може да го превземете тука
Пријавувањето за сите настани, корисниците е потребно да го направат преку контакт лицето одредено за комуникација со Академијата, по претходно запознавање на претседателот на судот и јавниот обвинител.