Известување од одржана 227-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 30.12.2024 година, веднаш по конститутивната 226-та седница одржа итна 227-та седница на која:

  • Беше донесен Деловник за работа на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители;
  • Беше донесена одлука за објавување на оглас за избор на заменик на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители;
  • Беа утврдени: општа програма за контиунуирана обука за судии и јавни обвинители и специјализирана програма за доброволна континуирана обука 2025/2026, специјализирана програма за обука на судии поротници, каталогот за обуки за 2025 година;
  • Управниот одбор беше запознаен со временската динамика за текот на завршниот испит за 8-та генерација на слушатели на почетна обука во Академијатa.