
Заштитата на фундаменталните права и денес претставува еден од најголемите предизвици во ЕУ, поради што голем број на едукативни настани се посветуваат токму на оваа тема од сите земји членки на ЕУ, но и од страна на земјите чии аспирации се интеграција во Унијата.
На 4 и 5 ноември 2024 година од страна Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА) во Луксембург беше организиран курс на тема “Фундаменталните права на ЕУ: Основните принципи и модерните предизвици“, на кој учествуваше судија, м-р Илир Исени, заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Учеството на заменикот директор беше овозможено во рамките на дологодишната соработка која ја имаат воспоставено ЕИПА Луксембург и Академијата.
Целта на овој курс беше да се образложи правниот систем и политиките кои ЕУ гi создаваше низ годините за да обезбеди заштита и промоција на фундаменталните права, до тој степен, каде овие права ќе станат релевантни во сите аспекти на економските и социјалните активности на ЕУ.
Овој курс беше дизајниран за да ги пресретне потребите на ЕУ и државните авторитети, како и на професионалците во приватниот сектор кои се заинтересирани за ЕУ системот за заштита на фундаменталните права, и оние чија работа бара свест и знаење за разните политики како што се еднаков третман и не-дискриминација, правда и внатрешни работи, надворешни работи и т.н.
На крајот од овој курс учесниците ги унапредија своите знаења во однос на концептите за правниот систем на ЕУ и политиките во однос на фундаменталните права, законските обврски за интегрирање и заштита на основните права на поединците и обезбедување на ефективноста на оваа заштита во сите области на политиката на ЕУ, како во јавниот, така и во приватниот сектор.