
На 12 и 13 декември 2024 година во Будимпешта, Унгарија се одржа семинар посветен на Европското конкурентно право, и кој собра голем број на судии од земјите членки на ЕУ, како и судии од земјите кандидати за влез во ЕУ, кои дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат државите во однос на примената на конкурентното право.
На семинарот кој е финансиран во рамки на Програмата „Single Market“ на Европската комисија и поддржан од ЕУ учествуваше и заменикот директор на Академијата, судија, м-р Илир Исени.
Овој семинар го елаборираше клучниот суштински и процедурален развој на картелите, преку кој учесниците беа воведени во општата суштинска рамка за однесувањето помеѓу конкурентите, низ справување со клучните економски и правни концепти при спроведувањето на картелите.
Понатаму, беа разработени специфичните форми на картели, особено картелите за местење цени, купување, местење понуди и местење плати, преку голем број студии на случај од практиката на националните органи за конкуренција.
Посебен акцент на овој семинар беше ставен на проценката на доказите во контекст на судската ревизија.