СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Кривично дело перење пари и неговите видови“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Канцеларијата на OSCE во Скопје,   организира советување на тема: Кривично дело перење пари и неговите видови“, кое ќе се одржи на 5 декември (четврток) 2024 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и судски соработници од кривичните оддели и јавни обвинители и јавнообвинителски службеници   од сите  апелациони  подрачје.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Стефчо Донев, јавен обвинител во ВЈО Штип, м-р Ненад Савески, судија на Апелационен суд Скопје и   г. Паоло Палацо, меѓународен експерт од областа на перење на пари.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.