
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема „Одмерување на парнични трошоци низ практични примери и ставови на повисоките судови ” кое ќе се одржи на 03 декември (вторник) 2024 година со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Лидија Мартинова, судија на ВСРСМ ( во пензија) и г-а Татјана Сусулевска, судија на Апелационен суд Битола.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.