
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 25.11.2024 година (понеделник) ја одржа својата 224-та седница на која:
- Ги усвои записниците од одржана 222-ра и вонредна 223-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Именуваше член на Комисија за ревизија на одржаните испити, по доставена номинација од Јавното обвинителство на РСМ број 03-792/1 од 20.11.2024 година.
- Именуваше заменик член во Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители по доставена номинација од Судскиот совет на РСМ број 03-2238/1 од 22.11.2024 година.
- Именуваше заменик член на Комисија за завршен испит по доставена Одлука од Советот на јавните обвинители на РСМ број 02-130/2 од 21.11.2024 година.
- Именуваше членови и заменици на членови на Комисија за завршен испит по доставена номинација од Судскиот совет на РСМ број 03-2104/2 од 22.11.2024 година.
- Именуваше заменик член на Комисија за завршен испит по доставена номинација од Здружение на судии на РСМ од 25.11.2024 година.
- Под точка Разно, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители го информираше Управниот одбор за тековни дописи и барања.