Известување од одржана вонредна 223-та седница на Управниот одбор на АСЈО

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 21.11.2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, преку видеоконференциска врска одржа вонредна 223-та седница, на која беше разгледана доставена тужба со предлог за издавање на времена мерка од Управниот суд на РСМ број 105/2024 и 106/2024 од 19.11.2024 година и беа дадени насоки за понатамошно постапување. Управниот одбор одлучи одговорот на тужбата со предлог за издавање на времена мерка, во рамки на законски определниот рок, да биде доставен до Управниот суд на РСМ од страна на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители како овластен законски потписник на институцијата.