Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители

img

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска Стрезоски и со заменик директорот на Академијата, Илир Исени.

На работната средба се дискутираше за повеќе прашања кои се однесуваат на програмските определби и активности на Академијата во поглед на континуираната правна едукација како значаен фактор и продонес за професионално, независно, непристрасно и ефикасно извршување на судиската функција.

Во таа насока, на средбата се говореше и за Конференцијата која ќе се одржи во Врховниот суд на Република Северна Македонија, а се однесува на зајакнувањето на судската одговорност, независноста и довербата на јавноста.

Претседателката Адеми истакна дека одржувањето на Конференцијата за која Врховниот суд дава целосна поддршка преставува една од најзначајните настани во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со CЕELI Институтот.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители и заменик директорот на Академијата истакнаа дека одржувањето на Конференцијата во највисокиот суд во државата говори за важноста за настанот и ја потенцира улогата и придонесот на Врховниот суд на Република Северна Македонија во правосудниот систем на Република Северна Македонија.

Во тој контекст, на средбата беше истакнато дека од Конференцијата ќе произлезат суштински заклучоци и одговори за предизвиците на судството во врска исполнување на европските стандарди, како и за градењето на независно и транспарентно судство како предуслов за јакнење на јавната доверба.

Преземено од Веб страната на Врховен суд:

http://www.vsrm.mk/wps/portal/vsrm/sud/vesti/0402a349-b000-4123-a8cc-cb14a4c0b95a/!ut/p/z1/rVLBUsIwFPwWDj2WPNpCi7eICFYYVEBoLkwaQqm2SSmhFb_eoAcHRgEHc0uyb_e93YcImiIiaBFHVMVS0ETfA9KYNTqOA9499Lzh0zXgNrjeqIkB2i6a7AM6D2MXcP8GuqOmb3XcBiL6G345GNAzIogwoTK1REG2CZOYzdJXA9abuQGZZFwJakDB1yo2ABywqO00zVAXm07Nsk3qMWaysOZQh0HYrNMdX8biOQrOQk9ODXii_8lO7zjERyRKZPjlJhah7UWI5HzBc55XN7l-XiqVra8MMKAsy2okZZTwKpOpAT-VLOVaoek-EgV6Dvd7jkH3Vucwbtfq2Hu0BlgHVcS8RGMh81R3MvyjTV04VDhwyq9fqHCUfnjXuJDe_0zpSM7aaCvvt_ra6IyqpRmLhUTTs7h1afyyWhGsN1kKxd90PP-yylk6Tj17a4r3Hp-YgV-U5WiRtkJvaycRrlQ-AJVSSlc!/dz/d5/L2dBISEvZ0FBIS9nQSEh/?urile=wcm%3Apath%3A%2Fpublic_mk%2FSud%2FPocetna%2FVesti%2F0402a349-b000-4123-a8cc-cb14a4c0b95a