Известување за одржана 222-ра седница на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 07.11.2024 година (четврток) ја одржа својата 222-та седница на која:

  1. Го усвои записникот од 221-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Усвои Правилник за Изменување и дополнување на Правилник за полагање на завршниот испит на слушателите на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ број 02-120/4 од 29.02.2024 година.
  3. Усвои Правилник за Изменување и дополнување на Правилник за надоместоци на Академијата за судии и јавни обвинители број 02-509/4 од 21.12.2023 година.
  4. Изврши дополнување на листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители.
  5. Усвои Програма за завршен испит на слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители.
  6. Дискутираше во врска со состојбата за IX-та генерација кандидати за слушатели во почетна обука.
  7. Под точка Разно, директорката на Академијата го информираше Управниот одбор за тековни дописи и барања.