Директорот на Академијата и заменик директорот на Академијата одржаа работен состанок со претставниците на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА)

DSC_0637

Академијата за судии и јавни обвинители и Центарот за правни истражувања и анализи се повеќегодишни партнери, кои во заедничка соработка, во изминатиот период успешно реализирале повеќе едукативни активности, што претставуваше повод за реализацијата на работниот состанок на кој учествуваа директорот на Академијата, јавен обвинител, Ирина Трајкоска Стрезоски, заменик директорот, судија, м-р Илир Исени и претставници на ЦПИА.

На работниот состанок присутните се согласија за продоложување на тековните проектни активности како што се активностите кои се од делот на заштитата на личните податоци во чии рамки е предвидена реализација на обука во декември 2024 година, со која ќе бидат опфатени судиите од кривичните оддели, јавните обвинители и судиите на Управниот суд.

Понатаму, реализација на Регионална конференција на тема поврзана со заштитата на правата во дигитален простор, која ќе биде поддржана од ТАИЕКС инструментот на Европската Унија, како и продолжување на реализацијата на проектните активности поврзани со еколошката правда и животната средина, со фокус на праксата на ЕСЧП во овој домен.