
Академијата за судии и јавни обвинители ја известува јавноста дека закажаната 221-ва седница на Управниот одбор беше одложена поради отсуство на член на Управниот одбор на Академијата и со тоа присуство на парен број членови на Управниот одбор на Академијата. Имајќи предвид дека една од точките на дневен ред беше точката – Именување на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, како не би се довеле во ситуација на поделба на гласовите и добивање на парен број на гласови, членовите на Управниот одбор едногласно одлучија седницата да се одложи за на ден 14.10.2024 година, со почеток во 15:00 часот со цел да биде обезбедено присуство на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители во полн состав.