
Во рамки на Програмата Matra Rule of Law Training, Хелсиншкиот комитет на Холандија со поддршка на Холандската влада организира курсеви на следните теми:
- Судска соработка
- Управување со јавната администрација
- Судска и јавнообвинителска администрација
- Интегритетот на државните службеници
- Јавни набавки
Краен рок за аплицирање за курсевите Судска соработка и Управување со јавната админстрација е Недела 29 септември 2024 година, 23:59 CET.
Краен рок за аплицирање за курсевите: Судска администрација, Интегритетот на државните службеници и Јавни набавки е Недела 03 Ноември 2024 година, 23:59 CET.
Повикот за аплицирање се однесува на сите државни и владини службеници кои се заинтересирани за темите на курсевите. Од учесниците се очекува да дадат активен придонес во процесот на учење и да бидат во позиција да ги применат новостекнатите знаења во нивните институции.
Многу повеќе за курсевите можете да дознаете со избор на насловот на курсотза кој сте заинтересирани, а на кој е линкувана брошура на англиски јазик.
Образецот за аплицирање е достапен на следниот линк: available on www.nhc.nl/matrarolt