
Во организација на Македонското еколошко друштво, со поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители и Здружението на јавните обвинители на РСМ, а во склоп на проектите на Балкан детокс Life Програмата за закрепнување на балканскиот рис и зимскиот цензус на птици и мониторинг на нелагални активности, на 2 и 3 септември 2024 година се одржа работилница за борба против криминалот врз дивиот совет, во хотел „Романтик„ во Велес.
На работилницата беа поканети јавни обвинители, претставници на релевантните институции како и претставници од заштитените подрачја и ловечките друштва, во насока на нивно поврзување и овозможување поефикасна комуникација пред се помеѓу обвинителството, инспекторатот и лицата што пријавуваат случи кои се третираат како криминал против дивиот свет.
Целта беше да се презентираат најчестите форми на криминал против дивиот свет во нашата држава, а воедно и да се даде појасна слика за состојбата и начинот на постапување при вакви случи.
На настанот воведно обраќање имаше и заменик на директорот на Академијата, судија, м-р Илир Исени, кој ја поздрави инцијативата на Македонското еколошко друштво за организацијата на настанот, бидејќи на овој начин, според него, се подигнува и свеста за постоењето на овој вид криминал. Дотолку повеќе што преку едукативни настани кои се со мултидисциплинарен карактер се обезбедува поголемо вмрежување помеѓу надлежните институции и се унапредува ефикасноста во постапувањето.
Академијата ќе остане активен партнер во реализацијата на проектините активности кои ќе придонесат за унапредување на животната средина на граѓаните на Република Северна Македонија, бидејќи правото на здрава животна средина е уставно загарантирано право. Дивиот свет има своја улога во оддржувањето на балансот на животната средина, па оттука, и право на заштита.