Академијата за судии и јавни обвинители на 14 октомври 2026 година, во просториите на Академијата спроведе обука на тема: „Надоместоци и додатоци на плата и надоместоци од работен однос утврдени со Законот за извршување на буџетот на РСМ за 2026 година“, која беше наменета судии и стручни соработници од граѓанските оддели од судовите од сите апелациони подрачја.
Обуката ја спроведоа: м-р Александра Палашевска, судија на Основен граѓански суд Скопје и м-р Санде Зиков, судија на Апелационен суд Скопје.

Во текот на обуката беше извршена анализа на прашањата поврзани со утврдувањето на паричните побарувања од работен однос, надоместоците и додатоците на плата согласно Законот за работни односи, другите релевантни закони и колективните договори. Посебно внимание беше посветено на правните последици од незаконитиот престанок на работниот однос, како и на критериумите за одмерување на материјалната и нематеријалната штета. Преку разгледување на актуелните правни дилеми и спорни прашања, обуката имаше за цел да придонесе кон усогласување на судската практика при одлучувањето во споровите од работен однос, особено во делот на паричните побарувања и надоместокот на штета.

Академијата и понатаму ќе продолжи со спроведување обуки насочени кон унапредување на стручните знаења и вештини на судиите и судските соработници, како и кон воедначување на судската практика и јакнење на ефикасноста и квалитетот на правосудниот систем.

