Во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, денес (2 октомври 2026 година) беше одржана обука посветена на темата: „Мерки за обезбедување на присуство на обвинет (куќен притвор)“, која беше организирана од страна на Академијата, а беше наменета за судии и стручни соработници од кривичните оддели на судовите, јавни обвинители и јавнообвинителски службеници од обвинителствата од сите апелациони подрачја.
Обуката ја спроведоа и со учесниците ги споделија своите искуства националните правни експерти: м-р Ана Гоговска Јакимовска, јавен обвинител во ОЈО за ГОКК и г-а Сандра Крстиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје.
Целта на обуката беше унапредување на практичните знаења и вештини на учесниците во однос на определувањето на мерката куќен притвор, преку обработка на основните и условите за нејзино определување, како и согледување на предизвиците и практичните прашања што се појавуваат при нејзината примена. Посебен акцент беше ставен на практичната примена на стекнатите знаења преку практични вежби и размена на искуства меѓу учесниците.

По завршувањето на обуката се очекува учесниците да ги унапредат своите знаења за законската рамка и практичните аспекти поврзани со определувањето на мерката куќен притвор, како и да ги зајакнат своите вештини за препознавање и надминување на предизвиците при нејзиниот определување и примена во конкретни случаи.
Академијата во насока на зајакнување на ефикасноста и квалитетот на кривичната правда, ќе продолжи да организира обуки насочени кон унапредување на знаењата и практични вештини на судиите, јавните обвинители и стручните служби.

