Академијата спроведе обука на тема: „Правни дилеми во врска со примена на Законот за управните спорови ( Сл. Весник на РСМ бр.96/2029)“

1790860224169

Во просториите на Управниот суд на Република Северна Македонија, а во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, денес (1 октомври 2026 година) беше спроведена обука на тема: „Правни дилеми во врска со примена на Законот за управните спорови ( Сл. Весник на РСМ бр.96/2029)“.

Обуката беше наменета за судии од Виш управен суд, Управен суд, како и за претставници на Управата за јавни приходи и Државна комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.

Целта на обуката беше да придонесе кон продлабочување на практичните знаења и разбирањето на примената на одредбите од Законот за управни спорови, преку разгледување на конкретните правни дилеми и прашања што се појавуваат во постапувањето пред Управниот и Вишиот управен суд. Во фокусот на обуката беа постапката во случаи на молчење на управата, постапката за модел-одлука и примената на времените мерки, како и прашања поврзани со жалбената постапка пред Вишиот управен суд, особено гаранциите и разликувањето меѓу погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба. Посебно внимание беше посветено и на одлучувањето во полна јурисдикција и на прашањата поврзани со извршувањето на судските пресуди.

По завршувањето на обуката, од учесниците се очекува да имаат подобрено разбирање на практичната примена на релевантните одредби од Законот за управни спорови, како и појасна ориентација во препознавањето и разрешувањето на најчестите правни дилеми во управно-судска постапка. Стекнатите знаења и размената на практичните искуства ќе придонесат за поефикасно и поквалитетно постапување во конкретните случаи.